fbpx

Како што расте побарувачката на станови во градските подрачја, се зголемува и бројот на мали станови во истите, за да се задоволи пазарот. Често се случува да немаме инспирација кога станува збор за уредување на сопствениот стан, и затоа сакаме да ви помогнеме во идеи за уредување и ви споделуваме Австралиски видео блог ‘Never too small’ кој ги прикажува најдобрите идеи за дизајн и решенија за живеење во станови со мала квадратура.

Се надоврзуваме на познатата изрека од архитектот Mies van der Rohe – Less is more.

24 м2,  Сиднеј

Станот го добил името Boneca (куќа на кукли на португалски јазик). Ентериерот е дизајниран од архитектот Бред Сварц. Станот има чувство на луксуз и префинетост и покрај својата големина. Реиндикацијата на бањата и кујната создаде поголема дневна зона, а нишата за спиење е прикриена со дрвена подвижна мулти функционална преграда, која преку ден ја отвара кујната а ја прикрива спалната.

35 м2, Мелбурн

Архитектот Џек Чен суптилно го смени својот стар апартман (1970) од 35м2 со една спална, за да создаде комплетно дизајниран простор – канцеларија и дом во ист простор. Инспирација на архитектот лежи всушност во ограничувањата во овој мал простор и предизвикот како да го искористи. Без менување на водовод и електрични инсталации, само со мебел создава простори кои по потреба се појавуваат и исчезнуваат.

49 m2, Сиднеј

Со реновирањето на станот Ворен од страна на Николас Герни, се доби беспрекорен простор, привлекувајќи го окото подлабоко во станот. Отстранувањето на претходните преградни ѕидови им овозможи да се добие флексибилен простран простор сочинет од кујна, трпезарија, дневен простор, уметничко студио, гостински простор, и ниша за спиење. Се тоа е разграничено со склад – елемент кој е вметнат централно во станот за да ги одели овие простории. Самиот елемент е обложен со огледало, кое има улога визуелно да го проширува просторот.

Предлог компактни мали станови во Урбан Гарден:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *