Еден од нашите приоритети е врвен квалитет во секој чекор на изградбата на објектите.
Затоа, во нашиот прв блог ќе се занимаваме со темата Изолација, како еден од најважните фактори при носење на одлука за купување на стан.
Кога станува збор за станбена изолација, веднаш погодувате дека пред сè се работи за топлинска или термоизолација и звучна или акустична изолација.
Секој градежен објект е потребно да има квалитетна термоизолација, бидејќи со неа се спречувааат губитоците на топлина во зима и прегревање на просториите во лето. На тој начин вие заштедувате енергија, што значи дека заштедувате пари, но и ја заштитувате вашата животна средина. Со добра термоизолација, може да се намали вкупното губење на топлина на објектот од 40-80%.
Доколку зборуваме за звучна изолација, материјалите треба да имаат својство да го спречуваат пренесувањето на звукот од еден простор во друг, се разбира не целосно изолирање на сите извори на бука, туку намалување на пренесувањето на силните звуци.
Подолу се задржуваме на три дела од градењето кои го решаваат овој проблем, а тоа се квалитетни надворешни, преградни ѕидови и квалитетни подови.
Надворешни (Фасадни) ѕидови
При градењето на новиот објект, многу време посветивме на избор на материјали кои ќе ги комбинираме во надворешните ѕидови. Во градбата на надворешниот ѕид влегува енергетски блок, графитен стиопор и акрилна завршница, со завршна обработка од Knauf/ Baumit.
За таа цел, избравме блокови за ѕидање од нашите проверени производители Младост. Нивните енергетски блокови се природен и еколошки производ, кој има добра акумулација на топлина, и овозможува добра звучна изолација. Фасадните ѕидови на становите се предвидени да бидат изведени од енергетски керамички блок со д=20 cm
Подолу може и сликовито да се увидат разликите меѓу енергетскиот блок (долу лево), оној што ние го користиме во нашите градби и станадрдниот блок (долу десно). Благодарение на повеќекоморната структура, а со тоа и поголемата густина на самиот блок, се подобруваат својствата на самиот блок, т.е тој има подобра топлинска и звучна изолација.