fbpx

За да Ви помогнеме да го направите вистинскиот избор кога станува збор за метро плочките, го составивме овој користен водич за купување на метро плочки во кој е опфатено се што треба да знаете за нив.

Прочитајте ги нашите совети на кој нaчин да ги комбинирате метро плочките, нашите препораки за боја, форма, завршен слој и многу повеќе.

Но, првин да погледнеме за историја на метро-плочката…

Зошто е метро-плочката толку позната?

Ако сте биле во Лондон, тогаш веројатно сте прошетале во UnderGround. Или ако сте џетстер, тогаш можеби сте наишле на Њујорк Метро или Париз Метро.

Ако е така, сигурно сте забележале една иста карактеристика за сите. Иконична метро-плочка.

Уште од раниот 20-ти век кога подземниот транспорт само што започна, метро за прв пат се разви како потреба, пред да стане стилска икона. Бидејќи подземните станици најчесто имаат закривени тавани и сводови, оваа правоаголна плочка беше идеална форма за прикривање на големи простори. Направена од обична керамика и завршена со бел сјај, смирената метро или подземна плочка ја прошири својата намена со нови димензии, бои и бои, правејќи ја една од најбараните плочки за уредување на домор.

Каде се користат метро плочки?

Метро-плочката е една од најпопуларните дизајни за плочки во домот и лесно може да се види и зошто. Можат да бидат наредени на повеќе начини и употребени во повеќе простории од од домот, лесни се за одржување и нудат ажуриран и стилски изглед.

Без разлика дали сакате да биде поплочен цел ѕид или половина,  сакате да направите рамка околу каминот или да ги употребите во некој дел од бањата, ѕидни плочки во кујна, нашите препораки ќе ви помогнат да направите правилен избор.

Завршниот слој е многу важен.
Мат или сјаен ?

При разгледување матирани или сјајни плочки, можеби ќе помислите дека е сеедно, но вистинате е сосема спротивна и е многу важно кој избор ќе го направите.

Според нашето искуство, луѓето сакаат или мат или сјајни плочки, но изборот на плочки е поврзан со крајниот изглед на просторот.

Доколку не сте сигурни кој избор да го направите, препорачуваме да одвоите време и да размислите за сите избори кои ги имате направено при уредување на просторот. Ако вашите избори се насочени кој полирани, чисти завршетоци тогаш сјајната плочка е правилниот избор. Доколку преферирате повеќе рустикален и недовршен изглед тогаш мат-метро плочка е вклопуваат во тој стил.

Избор помеѓу рамни или плочки со оборени ивици ?

Доколку неможете да одлучите помеѓу рамна или заоблена метро плочка, ние сме тука да ви помогнеме.

Рамната метро плочка е оригинална верзија употребена во подземните станици заради нивно лесто одржување. Но како нивната популарност растеше, така се воведуваа нови форми и дизајни на метро-плочка.  Нудејќи помек и попристоен изглед метро-плочката со оборени ивици е  одличен извор за во бања.

Традиционалната рамна верзија со нејзините директни врски со метрото е одлична за постигнување на алтернативен и нежен изглед. Нивниот рамен и чист дизајн ги прави одлични за употреба во кујните.

Кога и како да се користи боја со метро плочките

Традиционалната метро плочка е употребувана во бела нијанса најверојатно да ги осветли темните подземни простори за кои биле наменети.

Белата метро плочка се уште трае како главен стил, но многумина почнуваат да додават свој уникатен печат. Воведување на метро плочки со оборени извици, инјектрина смеса во боја и редење на плочките во најразлични облици значи дека белата боја веќе помалку се користи.

Обоените метро плочки ја докажуваат својата вредност бидејќи се повеќе се употребуваат во уредување на ентериери. Со храбар избор на бои лесно можат да се вклопат во секој тренд или стил. Без разлика дали ви е потребна боја за акцент или нешто поизразено метро плочките ви нудат многу избори и комбинации.

Метро плочките се употребени во кујните во становите на Urban Garden.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *