fbpx

Архитектурата отсекогаш се одвојувала од другите видови на уметност бидејќи не само што игра заштитна улога како “покрив над нашата глава”, туку и е дел од дефинирање на стилот на едно општество и неговата уметничка еволуција. 

Издвоивме неколку архитекти кои со својот стил оставиле фасцинантен белег во архитектурата:

Antoni Gaudí

За уникатната архитектура на Барселона е одговорен Гауди. Тој ја помина целата своја кариера во Барселона, каде што ги изгради сите свои проекти, од кои најпознати е катедралата во 1883 година позната како Ла Саграда Фамилија, која сè уште е во изградба. Неговиот стил е богат со микс на барокни, готски и викторијански елементи, кои честопати карактеризираат со украсни плочки, и облици инспирирани од природата. Работата на Гауди ќе има огромно влијание врз следните генерации модернисти.

Дело на Антони: La Sagrada Familia – Barcelona

Frank Lloyd Wright

Револуционер во архитектурата на 20тиот век е Ф.Л.Рајт. Тој го создаде стилот „prairie house,, како реакција на викторијанската естетика која преовладуваше со темниот декор и многубројните украси. Контрастно на тоа, Рајт користеше чисти геометриски форми со акцент на хоризонталните рамнини. Неговата најпозната зграда, Falling Water House има наредени правоаголни балкони кои изгледаат како да лебдат над водопадот, кој е интегриран во екстериерот на куќата.

Дело на Франк: Robie House

Ludwig Mies van der Rohe

Креаторот на ставот „помалку е повеќе“, германскиот архитект Мис Ван дер Рое е еден од пионирите на Минимализмот. Тој ги исфрли сите траги на украсување, користејќи ги природните квалитети на материјали како што се челик и плоча за стакло, за да се дефинира изгледот на неговите згради. Овој пристап е познат и од Десау Баухаус, за кој тој работел како последен директор пред нацистите да го затворат. Неговите дизајни се одликуваат со рационализам и ефикасност како пат кон убавината – аспекти прикажани во Павилјонот Барселона изграден во 1929 година.

Дело на Лудвиг: Ludwig Mies van der Rohe House

Frank Gehry

Благодарение на неговиот дизајн во 1997 година за филијалата на музејот Гугенхајм во Билбао, Шпанија, Френк Гери станува еден од најпознатите светски архитекти. И покрај тоа што Гери веќе беше добро познат во својата област како автор кој им се спротивставува на гравитацијата и логиката на конвенционалните градежни методи, Гугенхајм Билбао со своите апстрактни форми, останува најдобриот пример за еден од најуникатните стилови во архитектурата.

Дело на Франк: Serpentine Gallery Summer Pavilion, London, England

Oscar Niemeyer

Бразилскиот архитект Оскар Нимиер (1907–2012) беше една од клучните фигури во развојот на модерната архитектура. Во своите проекти смело ги имплементираше кривите линии, во времето кога во подем беше ставот „помалку е повеќе“ на Мис Ван дер Рое. Нимиер беше дел од дизајнерскиот тим зад зградата на У.Н. во Њу Јорк, но неговиот најпознат и амбициозен проект беше несомнено владата на Бразилија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *