Во станбено-деловниот комплекс Урбан Гарден се предвидени 495 паркинг места, од кои 45 се наменети за деловниот простор, а сместени во партер зоната, додека останатите 450 паркинг места се предвидени за станбениот дел и се распоредени на 3 подземни нивоа, каде воедно се сместени и подрумските простории за потребите на станарите.
Пристапот со моторно возило до подземните три нивоа е обезбеден преку посебни рампи за влез и излез. Воедно, сите станари корисници на паркинг местата преку скалишните јадра имаат обезбеден директен пристап до станбениот дел.
На сите три подземни нивоа за потребите на паркирањето е предвидено инсталирање на систем од канали за довод на свеж воздух и одвод на гасови од моторните возила, кој ке биде поврзан со детектори за СО2 преку кои ќе се регулира режимот на работа на овој систем.