Во исклучително тешко време што го живее светот денес и изминатите неколку месеци, борбата да се сочува здравјето претставува императив за секое општество, поединец, семејство и компанија. Во таква борба, покрај здравствениот систем, треба да учествуваме сите, па затоа општествената одговорност е клучна и неопходно потребна. Препознавајќи ја оваа потреба, Мега и Акустик заедно со партнерите Голден Арт и Греемак Груп, успешно реализира донација на 85 неинвазивни респиратори, како и 24 кислородни концентратори, за потребите на здравствениот систем на државата.

Веруваме дека од оваа бура ќе излеземе посилни и подготвени, со заеднички сили да се соочиме со сите потенцијални предизвици.