fbpx

Преградни ѕидови и термо-акустична изолација е второто видео од серијалот за нашите материјали кои ги вградуваме, кои се еден од по значајните фактори зошто да одберете дом во Урбан Гарден.

ПРЕГРАДНИ SИДОВИ

Во последниве дваесет години, Кнауф сè подлабоко и подлабоко навлегува во станбената архитектура во Македонија. Современата станоградба не може да замисли постигнување дури и на стандардната звучна изолација без употреба на Кнауф системи. 

Повеќе простор и звучна изолација

Поради принципите на кои се базираат сувомонтажните системи, високата звучна и термичка изолација ја постигнуваат со помала дебелина на ѕидовите.

Со употреба на Кнауф преградните ѕидови, во просечен објект се добиваат дополнителни    2-4% нето површина со директно унапредување на звучната изолација во објектот, неговата термичка изолација и намалување на неговата вкупна тежина.

Подобар простор и термичка изолација

Кнауф преградните ѕидови се последниот чекор на градежната технологија, во однос на постигнувањето на градежнофизичките барања на комерцијалните објекти. Принципот на кој тие функционираат (маса-пружина-маса) овозможува постигнување на далеку подобра термичка и звучна изолација во објектите, па така просторот кој купувачите го добиваат за своите средства е со повисока вредност и квалитет.

Полесен простор

Ова олеснување на ѕидовите по квадратен метар, на една зграда преградена со Кнауф ѕидови значи олеснување на објектот за цели 25% на вкупната маса на истиот, што значи намалување на сеизмичките сили за 15%.

По здрав простор

Кнауф ѕидовите се паропропусни и ја регулираат микроклимата во просториите. Воздухот во собите преградени со Кнауф ѕидови никогаш нема да биде пресув или превлажен. Секогаш ќе ја има онаа оптимална влажност од 40-60%. На допир секогаш кожата на корисниците на просторот ќе го допираат оној здрав гипс, со иста pH вредност како и кожата на луѓето. Секогаш ќе дишат воздух без примеси од градежните материјали.

Повторно нов простор

Времето на траење на еден простор, помеѓу две пренамени е околу 20 години. После просечните 20 години, просторот треба да претрпи пренамена. Една просторија ќе се подели на две помали или две помали ќе се споја во една поголема или дневната ќе стане спална, па ќе се додаде и гардеробер…

Кај Кнауф ѕидовите интервенциите се брзи, без отпад и со повторна употреба на над од 60% од материјалот што бил вграден во стариот ѕид. Изолацијата е истата, профилите се истите, а при педантна изведба, голем дел од гипсените плочи ќе можат да бидат употребени и на новата локација на ѕидот.

Продукти и системи употребени во Урбан Гарден

  • COMFORBOARD 23

Инертна гипсена плоча за латентна регулација на внатрешна температура.

  • Систем W112 Кнауф преграден ѕид

Единечна потконструкција и двострана двоослојна облога од гипсени плочи, чиј тип ќе го одреди квалитетот на ѕидот во однос на противпожарност, звучна изолација и носивост, отпорноста на удар и максималната висина на системот.

  • Системи на облоги

За дополнителна термо и звучна изолација, одредени позиции како преграден ѕид стан со стан освен термоблок (д=20 см), содржат и облога од гипс картон системите W623 и W625.

  • Стаклена волна

Стаклената волна тервол се поставува помеѓу подконструкцијата, под гипсените табли како втор слој на изолација. Се произведува од песок и рециклирано стакло,не содржи нафта и хемикалии,што ја прави Еко стаклената волна на Кнауф природен и здрав изолационен материјал, единствен на пазарот. Во Урбан Гарден се употребува за изолација на зидните површини (кај гипс конструкциите) односно ѕидовите во станот, како облога на преградниот ѕид стан со стан, и како облога на ѕидот во заеднички ходник. Односно каде е потребно флексибилност и еластичност на изолациониот материјал, за целосно пополнување на просторот што се изолира. Топлотна спроводливост λ=0.042.

ТЕРМО-АКУСТИЧНА ИЗОЛАЦИЈА

Оптималната изолација на подните конструкции придонесува за поголема удобност и заштеда на енергија. Во зависност од конструкцијата, освен топлинската изолација може да се подобри и звучната изолација.
ursa

ПЛИВАЧКИ ПОД

Оптималната изолација на подот придонесува за поголема удобност. Изолацијата овозможува одвојување на естрихот од соседните компоненти, така што тој „плива“ на изолацијата. Поради еластичноста на минералната волна, таа има многу добри својства на звучна изолација (изолација од ударен звук). Освен тоа, со плочите се подобрува и топлинската изолација.

Поради својата особено добра динамичка крутост, плочите за изолација од ударен звук на URSA перфектно ја апсорбираат бучавата што доаѓа од горе. Истовремено, благодарение на нивната огромна издржливост на притисок, тие се соодветни и за поголеми оптоварувања. Помеѓу подот и естрихот таа истовремено обезбедува и топлинска изолација со што се штеди енергија.

Динамичка крутост s’ (MN/m3) SDi

Динамичката крутост ги опишува „апсорбирачките“ својства на изолацијата од ударен звук. Колку е помала динамичката крутост, толку е подобра звучната изолација.

Компресибилност CPi

Компресибилноста за плочите за изолација од ударен звук од класа Т6 и Т7 се утврдува како разликата помеѓу dL и dB. Од класата СР може според EN 13162 табела 4 да се утврди максималното оптоварување на естрихот.

Степен на оптоварување на естрих – компресибилност

  • CP5 ≤ 2,0 kPa ≤ 5 mm
  • CP4 ≤ 3,0 kPa ≤ 4 mm
  • CP3 ≤ 4,0 kPa ≤ 3 mm
  • CP2 ≤ 5,0 kPa ≤ 2 mm

Предности

  • мала динамичка крутост до ≤ 7 MN/m3
  • мала топлинска спроводливост λD-вредност: 0,032 W/mK
  • висока отпорност на притисок (TEP = CP3; TSP = CP5)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *