Едно од најчестo поставуваните прашања е: Како да заштедам електрична енергија?

Високите цени на електричната енергија не можете да ги промените, но она на кое што можете да влијаете е потрошувачката на електричната енергија.

Главниот приоритет при изградба на нашиот станбено-деловен комплекс Урбан Гарден е квалитетниот живот. Квалитетот не знае за компромис.

Затоа, ние ги одбравме најдобрите ГЕНЕО прозорци, кои со својата форма се идеални за вклопување во еден урбан дом.

Зошто ги одбравме ГЕНЕО прозорците?

Совршено вклопениот профил од високотехнолошкиот материјал РАУ-ФИПРО ги прави прозорците ГЕНЕО толку лесни и стабилни, што речиси секогаш добро поминуваат без челична арматура. Отворањето и затворањето се едноставни и лесни како детска игра. Мазните површини го олеснуваат чистењето и се исклучително отпорни на временски услови.

ОПТИМАЛНА ИЗОЛАЦИЈА

Дозволете си при штедење на енергија, во ваш интерес да работи  револуционерниот високотехнолошки производ РАУ-ФИПРО кој во себе ја содржи тајната на одличната топлинска изолација.

Со исклучително стабилната фибер-армирана пластика, оваа класа на материјали е позната по нејзината употребата во изградбата на авиони и брзинските спортови. Рамките ГЕНЕО во 90% од сите случаи се без метална арматура. Без никаква појава на  неповолни топлински мостови. И во комбинација со тројно изолирачко стакло постигнувате идеални Uw-вредности до 0,60 W/m2K.

ЕДНОСТАВНА УПОТРЕБА, ЕДНОСТАВНО ОДРЖУВАЊЕ

Благодарение на HDF-површините со висока вредност, нечистотиите се отстрануваат брзо и едноставно со вообичаено средство за чистење. За одржување, повеќе не е неопходно повремено да се нанесуваат неколку капки масло на подвижните фитинзи и силиконско пенкало за повремена нега на дихтунзите.

Новоразвиениот концепт за дихтување се грижи за оптимизиран притисок на затворање. Бидејќи ГЕНЕО по правило не мора да биде зајакнат со челик, тежината на крилото е забележливо помала отколку кај другите прозорци и ракувањето е значително полесно.

ЗБОГУВАЈТЕ СЕ СО БУЧАВАТА ВО ОКОЛИНАТА!

Секогаш пркосете ѝ на бучавата –  заради вашето здравје.

Со ГЕНЕО можете да ја планирате вашата лична звучна заштита, така што цело време ќе биде задоволена вашата индивидуална и природна потреба за мир.

Кога живеете на многу прометна улица во близина на aеродром или железница или едноставно имате некое хоби проследено со многу бучава, ГЕНЕО сигурно ќе ја сопре несаканата бучава.

Благодарение на тројното стакло и профилите од РАУ-ФИПРО, ГЕНЕО ги достигнува тековните оптимални вредности на РЕХАУ во рамки на Класата 5* за звучна заштита. И така, од еден авион кој полетува, не останува ништо повеќе од шепот. 

ГЕНЕО прозорците ги изолираат надворешните звуци. Изолацијата е најважна во секој дел од изградба на квалитетен дом. Прочитајте повеќе за тоа Колку е важна квалитетната изолација?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Инвеститор: Mega Akustik

Контактирајте продажен агент:
072 227 002 / 078 269 823 / 070 409 993 / 070 308 328

Купете стан во градба!

Оставете ваша мејл адреса и бидете во тек со сите понуди!