fbpx

Urban Garden - материјали кои ги вградуваме

Инвеститорот Мега Акустик користи квалитетни материјали при изградба на комплексот Urban Garden за да ви овозможи удобен и комфорен живот.

Rehau Geneo ПВЦ

Високите цени на електричната енергија не можете да ги промените, но она на кое што можете да влијаете е потрошувачката на електричната енергија.

Главниот приоритет при изградба на нашиот станбено-деловен комплекс Урбан Гарден е квалитетниот живот. Квалитетот не знае за компромис.

Затоа, ние ги одбравме најдобрите ГЕНЕО прозорци, кои со својата форма се идеални за вклопување во еден урбан дом.

ОПТИМАЛНА ИЗОЛАЦИЈА

Дозволете си при штедење на енергија, во ваш интерес да работи  револуционерниот високотехнолошки производ РАУ-ФИПРО кој во себе ја содржи тајната на одличната топлинска изолација.

Со исклучително стабилната фибер-армирана пластика, оваа класа на материјали е позната по нејзината употребата во изградбата на авиони и брзинските спортови. Рамките ГЕНЕО во 90% од сите случаи се без метална арматура. Без никаква појава на  неповолни топлински мостови. И во комбинација со тројно изолирачко стакло постигнувате идеални Uw-вредности до 0,60 W/m2K.

Rehau ГЕНЕО прозорците ги изолираат надворешните звуци. Изолацијата е една од најважните делови од изградба на квалитетен дом.

Карактеристиките на Rehau ГЕНЕО овозможуваат вискоа термо и звучна изолација.

  • Термо изолиран профил со 6 комори
  • Гумена опшивка, меко затварање
  • Вградени отвори за вентилација кои спречуваат кондензација
  • Трослојно стакло: четири сезони + обично + ниско емисионо

Прочитајте повеќе за Rehau ГЕНЕО на еден од нашите минати блог објави ПРОЗОРЦИ КОИ ШТЕДАТ ЕНЕРГИЈА

Velux кровни прозорци

Скоро 80 години, групацијата VELUX создава подобра атмосфера во затворените простории со внесување на дневна светлина и свеж воздух во домовите и другите згради низ целиот свет. Групацијата ВЕЛУКС е основана во Данска и денес е меѓународна компанија со присуство во 40 земји. Карактеристики на вградениот модел во некои од становите во поктровјето на објектите на Урбан Гарден

  • Полиуретанска обвивка
  • Квалитетна услуга во сите временски услови
  • Вградена вентилација
  • Филтер за прашина и инсекти
  • Позиција за лесно чистење на прозорците
  • Држачи за монтирање на ролетни
  • Термо технологија за напредна енергетска ефикасност
  • Дополнителна гума за зацврстување
  • Подобрена затегнатост
  • Лесен за одржување, отпорен на влага
  • Подобрен пакет на стакло
  • енергетска ефикасност – Uw 1,1

ПП (против пожарни) врати

Ninz е водечки производител на пожарни врати во Италија . UNIVER RE 90 противпожарна врати, кои се инсталирани во заедничките ходници, се со 90 мин. огноотпорност во склад со UNI9723 стандард и произведени од целосно галванизиран лим. Вратите се испорачуваат со сертификат издаден од Италијанско Министерство за Внатрешни работи. Каса со исечок од 4-ри страни со акери за фиксирање. Брава за ПП врати е со CE ознака, соласно EN12209 стандард и вклучена припрема за цилиндар. Вградена подршка за паник бар и автоматски буткач.

Leave a Reply