fbpx

Водовод и канализација е првото видео од серијалот за нашите материјали кои ги вградуваме, кои се еден од по значајните фактори зошто да одберете дом во Урбан Гарден.

Подолу ќе ги најдете и деталните информации за водоводот и канализацијата во нашиот комплекс.

ВОДОВОД

Rehau системите за снабдување со вода за пиење ги исполнуваат највисоките критериуми за безбедност.

Како целосен и варијабилен систем, РАУТИТАН е првиот избор за современи инсталации.

Флексибилни цевки и стабилни цевки кои не ја менуваат формата со големи резерви на безбедност: Универзалната цевка РАУТИТАН флекс нуди оптимална флексибилност – дури и при ниски температури

Технологија која обезбедува хигиена на водата за пиење

Мазните површини на РАУТИТАН спречуваат собирање на талог во цевката. Внатрешните контури на приклучоците се хидраулички оптимизирани, со многу мала загуба на притисок. Сите искористени материјали подлежат на строги инспекции и се сертифицирани за употреба со вода за пиење.

Дали знаевте?

До 50% поголем внатрешен дијаметар:

Во споредба со другите технологии за спојување, РАУТИТАН овозможува речиси непречен проток дури и на спојните места. Благодарение на технологијата на проширување на цевката, стеснувањата во инсталацијата се доведени до минимум.

Без микроби. Одобрена од институтот Фраунхофер:

Високата заптивност на фитинзите ефикасно го спречува микробното загадување. РАУТИТАН е сертифициран, дека нема мртов простор на местата на спојување.

КАНАЛИЗАЦИЈА

Компанијата Пештан – Србија е лидер на Балканот за производство и дистрибуција на производи и решенија од полимери.

S-Line: Нискошумни канализациони цевки и фитинг, главна карактеристика на овој модел е смалувањето на бучавата и акустични вибарции до нивоа од 12 dB.

Овој систем се состои од цевки за домашни канализациони системи со предвидени соодветни спојувања отстранување на сите видови отпадни води.

S-Line системот е наменет е за инсталација на места каде звучна изолација се зема во предвид.

Инсталиран со специјални гумени прстени, овозможува намалување на бучавата и акустичните вибрации на нивоа 12dB (* LSC,A [dB(A)] Fraunhofer test report P-BA213/2016e)

Најсовремена технологија на екструзија на трослојни цевкии, материјали модифицирани со минерални адитиви, ги подигнаа системите за одводнување на загадена и отпадна вода во градбите на повисоко ниво.

Состав

Цевките од Peštan S LINE се состојат од три слоја, секој слој придонесува за посакуваните својства на производот.

Внатрешен слој: Изработен од полипропилен кополимер, мазната бела внатрешна површина спречува акумулација на талог и ја намалува абразијата на цевките.

Овозможува полесен преглед на цевководот бидејќи е со бела боја. Отпорен е на покачена температура и хемикалии.

Среден слој: Изработен од полипропилен кополимер зајакнат со минералнa исполна која ја дава јачината и флексибилноста на цевките.

Надворешен слој: Изработен од кополимер на поплипропилен, со сина боја која им дава на цевките подобра отпорност на удар и поголема безбедностпри ракување и инсталирање на производот.

Звучна изолација

Според DIN 4109, шумовит настанати од канализацијата, вградени во звучно заштитени простории, не би смеела да преминат  db(A).

Во исто време, нормата VDI укажува дека бучавата не смее да премине 35 db(A).

Peštan своите цевки S Line ги има тестирано на реномираниот институт во Штутгарт, каде што ги доби потврдите за нивниот квалитет и им е доделено највисокото ниво НИВО 3 на звучна изолација со резултати од 12db(A) добиени на испитувањата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *