Зеленилото е сè повеќе потребно за подобрување на секојдневниот живот кај луѓето, воедно и за подобрување на квалитетот на животната средина. Естетската привлечност, но и корисноста се главните причини поради кои Urban Garden ќе располага со доволен процент на зеленило кое ќе влијае на подобра одржливост на животната средина.  

Urban Garden располага со зелен покрив кој има корисен ефект на ладење – намалувајќи, па дури и спречувајќи го објектот да се прегрее. Зелениот покрив складира вода од дожд, која при испарување ја ослободува добиената топлина во амбиенталниот воздух, додека ја лади структурата (слично како човечко тело со пот).

Со ова, се намалува количината на вода во одводот на покривот, што индиректно може да ги намали трошоците за комунални услуги за одвод на дождовница од површините на покривот.

Зошто одлучивме за зелени покриви?

Зелените покриви имаат големо влијание во прочистување на воздухот (филтрираат честички од локалната атмосфера), ги намалуваат емисиите на СО2 преку процесот на фотосинтеза.

Под зелениот покрив, основната хидроизолација е многу помалку изложена на деформација на температурата, УВ зрачење и механичко оштетување.  Како резултат на ова изолацијата има поголема издржливост, а покривот има подолг век на траење.

Една од бројните предности на ваков тип на кров е дека е самоодржлив. Неговата структура е предвидена да ја складира дождовницата, и не е потребен дополнителен систем на наводнување.

Ваков тип на кров во проектот Урбан Гарден е предвиден на кровот на деловните простории 1.2 и 1.4, што ке придонесе за попријатна животна средина и пријатен поглед од трите станбени објекти.

Oвој аспект е само дел од сите предности кои ги нуди Urban Garden како енергетско-ефикасен објект од класа А.

Повеќе детали ќе споделиме во некој од идните блогови. Бидете во тек.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Инвеститор: Mega Akustik

Контактирајте продажен агент:
072 227 002 / 078 269 823 / 070 409 993 / 070 308 328

Купете стан во градба!

Оставете ваша мејл адреса и бидете во тек со сите понуди!